Навивачите на Атлетико Мадрид синоќа со големи овации го пречекаа Радамел Фалкао на својот стадион, иако пристигна како ривал.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, според зборовите на Фалкао наскоро би можел повторно да се врати во Атлетико, бидејќи не крие дека тој клуб е во неговото срце.
Фалкао веќе има 32 години и договор со Монако до 2020 година, но на крајот на сезоната би можел да го напушти „кнежевството“.
„Никогаш не знаете што носи иднината. Очигледно дека Атлетико е во моето срце. Не знам, можеби ќе се вратам во овој клуб“, изјави Фалкао.
Колумбиецот својата фудбалска афирмација ја доживеа во Порто, а потоа со голем успех го носеше дресот на „јорганџиите“.