Дома Фудбал Кулушевски по 500 дена пауза: Ми предлагаа трансплантација на колено, одбив

Кулушевски по 500 дена пауза: Ми предлагаа трансплантација на колено, одбив

Кулушевски по 500 дена пауза: Ми предлагаа трансплантација на колено, одбив

Дејан Кулушевски се врати на натпреварите по повеќе од 500 дена отсуство, но неговата борба со повредата на коленото оставила и разочарување од поддршката што ја добивал во Тотенхем.

Во разговор за шведскиот „Фотболсканален“, 26-годишниот крилен фудбалер откри дека во текот на летото разговарал со лекари за нова операција. Според неговото сведоштво, меѓу предложените решенија била и трансплантација на колено, нешто што тој не сакал да го прифати.

„Цело лето разговарав со други лекари за уште една операција. Ќе беше трансплантација на колено. Ќе го заменев моето колено со туѓо. Реков не. Ако ме боли додека играм, тогаш ќе мора да играм со болка“, изјави Кулушевски.

Долгото закрепнување било проследено со пречки и консултации со специјалисти. Шведскиот репрезентативец призна дека не сите верувале во неговото враќање, вклучително и луѓе од клубот.

„Имаше многумина што не веруваа, многумина беа скептични. Дури и во клубот. Во овој период се разочарав од некои луѓе, но истовремено морам сè да простам. Понекогаш посакуваш да си добил поголема помош. Но разбирам дека сите сме дел од еден бизнис“, порача тој.

Неговите зборови повторно го ставаат под лупа медицинскиот сектор на Тотенхем, кој во изминатите две години се соочува со критики поради долгите отсуства на повеќе првотимци. Кулушевски конечно повторно е на теренот, но јасно стави до знаење дека патот до тој момент не бил тежок само поради повредата.

Фото: Original: Rolandhino1 / Derivative work: Danyele / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Калафиори сака да ја води младата Италија: Прво Франција, па Белгија!

Италија ја пречекува Франција во битка за врвот во групата, а Рикардо Калафиори порачува д…