Дома Кошарка Јокиќ доби удар во меѓуножјето, па веднаш побара казна за Спенсер (Видео)

Јокиќ доби удар во меѓуножјето, па веднаш побара казна за Спенсер (Видео)

Јокиќ доби удар во меѓуножјето, па веднаш побара казна за Спенсер (Видео)

Никола Јокиќ имаше причина за незадоволство и покрај победата на Денвер. Во пресметката со Мемфис, српскиот центар доби удар во меѓуножјето од Кем Спенсер, по што веднаш се обрати кон судиите и побара противничкиот кошаркар да биде казнет.

Непријатниот момент се случи при еден нивен дуел, кога грубиот контакт на Спенсер продолжи со удар кон Јокиќ. Центарот на Нагетс веднаш реагираше на потегот, а снимката од ситуацијата беше објавена и на социјалните мрежи.

На резултатски план, вечерта им припадна на Нагетс. Денвер го совлада Мемфис со 123:118 и стигна до шестата победа во првите десет натпревари од сезоната во НБА.

Јокиќ повторно беше меѓу главните носители на играта. За 37 минути на паркетот запиша 27 поени, 11 скока и осум асистенции, со реализација од 10 погодени шута од 16 обиди од игра. До нов трипл-дабл му недостигаа само две асистенции.

Силен напаѓачки придонес даде и Џамал Мареј, кој постигна 30 поени. Тој додаде и осум асистенции, исто колку Јокиќ, па двајцата заедно реализираа 57 поени во победата на Денвер.

Фото: Telegraf

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

МЗТ без победа и по шест кола: Ираклис му нанесе пораз од 30 разлика

МЗТ Скопје загуби со 103:73 на гостувањето кај Ираклис во ФИБА Европа купот. Дабл-даблот н…