Дома Фудбал Останато Ударна вест од „Л’Eкип“: Зидан го менува Мурињо!?

Ударна вест од „Л’Eкип“: Зидан го менува Мурињо!?

Бројни европски медиуми ја пренесуваат ударната вест на францускиот медиум.

Зинедин Зидан и понатаму е без нов ангажман после заминувањето од Реал Мадрид, а иако многумина го поврзуваа и очекуваа да го наследи Алегри во Јувентус, „Л’Eкип“ има поинакви информации.

Наводно, Зидан може да биде тренер на – Манчестер Јунајтед!

Суштината на целата приказна е дека Зидан после три освоени титули во Лигата на шампионите сака нов предизвик во Премиер лигата, почнувајќи од следната сезона. И не само се открива и дека тој самиот е заинтересиран за тренеското столче на „Олд Трафорд“.

Останува да видиме како Мурињо ќе реагира на овие информации, нема соменвање дека новинарите овие денови ќе му го постават тоа прашање, но можеби и реално е да очекуваме повлекување на Португалецот на крајот на следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…