Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Анхел Марија Виљар, приведен беше во полиција заедно со неговиот син.
Шпанската полиција издаде соопштение во кое се наведува дека поголем број функционери од Фудбалскиот сојуз на Шпанија се приведени.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Наводно, Анхел Мариј Виљар, кој во мај беше осми пат избран за прв човек на ФС Шпанија, нудел пари на регионалните фудбалски лидери, за да ја добие нивната поддршка во изборниот порцес.
Виљар има 67 години и веќе околу 30 години е еден повлијателните луѓе во шпанскиот фудбал. Во овој момент е и прв потпретседател на УЕФА.