Дома Фудбал Англија Туре: Парите не ми претставуваат мотив, сакам да останам во Англија

Туре: Парите не ми претставуваат мотив, сакам да останам во Англија

toure

Јаја Туре изјави дека би сакал да остане во Премиер лигата и откако ќе го напушти Манчестер Сити ова лето, како и дека парите не се негов мотив.

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола минатиот петок соопшти дека Туре на крајот на оваа сезона ќе го напушти клубот после осум години и три освоени титули во Премиер лигата, а самиот фудбалер се прости од домашните навивачи на „Итихад“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Секако дека би сакал да останам во Англија, но потребно ми е време да размислам каде би ја продолжил кариера. Очекувам да играм фудбал уште една или две години. Заминувањето во Кина или Абу Даби за мене е синоним за пари и логично е луѓето да бидат среќни кога ги заработуваат, но јас не гледам така на работите. Парите во овој момент не ми претставуваат мотив“, изјави Туре за „Скај Спорт“.

Играчот за врска во овој момент заработува 250.000 евра неделно и се надева дека Сити и без него ќе успее да ја одбрани титулата наредната година.

„Премиер лигата е најтешката лига во светот и се надевам дека моите соиграчи наредната сезона ќе одговорат на предизвикот и ќе ја одбранат титулата, но сигурно дека нема да им биде лесно“, изјави Туре.

Туре во својата кариера настапуваше уште за Барселона, Монако, Олимпијакос, Металург Доњеск и Беверен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…