Сандро Тонали е во центарот на обложувачки скандал и се соочува со долга суспензија, но е повикан за утрешниот меч на Њукасл.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тренерот Еди Хау потврди дека Тонали е спремен за игра, иако се наоѓа во многу тежок и комплициран период.
Тонали е во конкуренција за натпреварот против Кристал Палас. Зад себе имаше многу тешки неколку недели. Тој се соочува соказна, и колку што можам да видам одлично се справува со околностите. Дознав за тоа кога пред неколку дена ми се јави спортскиот директор Ден Ешворт. Беше изненадување за сите нас, но тоа понекогаш се случува во овој бизнис. Веднаш помислив дека морам да се уверам дека Сандро е добро. И фудбалерите се луѓе – ранливи и имаат свои пороци“, изјави Хау.
Италијанските медиуми пренесуваат декаТонали се соочува со суспензија од 16 месеци.