Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Дибала сака да си оди, Себаљос на прегледи…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Дибала сака да си оди, Себаљос на прегледи…

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Манчестер Јунајтед е на чекор од комплетирање на трансферот на Сергеј Милинковиќ- Савиќ (ОВДЕ).


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


-Пропадна трансферот на Андре Силва од Милан во Монако. Португалецот отпатува на лекарски прегледи, но не успеа да ги договори личните услови со клубот од „кнежевството“. (ОВДЕ)

-Тешката повреда на Асенсио може да ги промени трансфер плановите на Реал Мадрид (ОВДЕ).

Елиф Елмас и официјално стави потпис на 5-годишен договор со Наполи!

-Падна договор: Барселона договори нов лев бек. Пристигнува Џуниор Фирпо од Бетис за 28 милиони евра (ОВДЕ).

-БОМБА: Реал Мадрид и Јувентус подготвија последни понуди за Пол Погба. Сега се е во рацете на Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).

-„Црвените ѓаволи“ испратија јасна порака до Интер – или во следните денови ќе платат 85 милиони евра за Лукаку, или ништо од трансферот.

-ПСЖ е пред реализација на трансферот на Идрис Гаје од Евертон за 32 милиони евра.

-БОМБА: Атлетико Мадрид и официјално побара блокада на трансферот на Гризман во Барселона поради неправилности (ОВДЕ).

-Милан продолжува со преговорите за Анхел Кореа. Денес делегација на Атлетико пристигна во Милано за последните детали. Трансферот треба да изнесува 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси.

-Рома му постави ултиматум на Алдервајлед, доколку не се реализира трансферот до крајот на неделата, ќе се насочи кон Даниеле Ругани од Јувентус.

-Баерн Минхен започна преговори со агентот на Лерој Сане. Манчестер Сити за неговата слобода бара 100 милиони евра. (ОВДЕ)

-Италијанските медиуми тврдат дека Пауло Дибала донел одлука да го напушти Јувентус ова лето. Аргентинецот има две понуди на маса. (ОВДЕ).

-Дани Себаљос пристигна во Лондон на лекарски прегледи, во наредните денови и официјално ќе стане нов играч на Арсенал. (ОВДЕ).

-Бетис не запира со големите трансфери, после Набил Фекир клубот е заинтересиран и за Аркадиус Милик од Наполи.

-Лестер потврди дека не пристигнала понуда за Мекгваер која ќе ги задоволи нивните финансиски апетити. (ОВДЕ).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Познат фаворитот за потписот на Зиркзе

Ѕвездата на Болоња и холандски репрезентативец Џошуа Зиркзе е на мета на многу клубов…