Дома Трансфер зона Себаљос пристигна на лекарски прегледи во Лондон

Себаљос пристигна на лекарски прегледи во Лондон

Играчот на Реал Мадрид Дани Себалос, пристигнал во Лондон на лекарски преглед, а наскоро и официјално ќе го комплетира трансферот во Арсенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двата клуба се договориле, а и самиот играч дал согласност да премине во англискиот клуб и трансферот се очекува да биде официјализиран најдоцна до утре.

Себаљос ќе пристигне во Арсенал како позајмен играч до крајот на сезоната и тоа без право на откуп.

Себаљос не влегува во плановите на Зидан за оваа сезона, па поради тоа реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.

Од Реал Мадрид претпочитаат да не го продаваат својот фудбалер, туку да ги испратат на позајмица, а следното лето ќе одлучуваат за неговата иднина.

Себаљос пристигна во Мадрид од Бетис летото 2017 година за 16,5 милиони евра. Минатата сезона, 22-годишниот играч настапи на 23 натпревари, 13 пати во стартната постава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…