Дома Топ вести Трансфери во живо: Барса го претстави второто засилување, Јунајтед го договорил Санчез, ПСЖ повторно купува од ривалите…

Трансфери во живо: Барса го претстави второто засилување, Јунајтед го договорил Санчез, ПСЖ повторно купува од ривалите…

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

– Според „Тутомеркато“, Мино Раиола веќе е во Турција каде што го дооговара трансферот на Златан Ибрахимовиќ во редовите на Бешикташ. (OВДЕ)

– Според последните информации, Интер мора да обезбеди пласман во Лигата на шампионите доколку сака да го задржи Мауро Икарди, во спротивно ќе мораат да се соочат со заминување на Аргентинецот, а најмногу поради ФФП (финансискиот фер плеј). (ОВДЕ)

– Интересна вест пристигнува од Манчестер. Наводно, управата на Јунајтед е спремна да тргне по поранешниот миленик на навивачите, Хавиер Ернандез – Чичарито. (ОВДЕ)

– Еден Азар со својата изјава во која зборува дека ќе потпише нов договор, но откако тоа ќе го направи Тибо Куртоа ги израдува сите фанови на „сините“ (ОВДЕ)

– Екипата на Валенсија денес го претставува засилување од Арсенал, Франсис Кокелан кој во својот договор со шпанскиот клуб ќе има откупна клазула во износ од огромни 80 милиони евра.

– Манчестер Јунајтед рамислува да испрати понуда за фудбалерот од средниот ред на Шахјтор, Фред, кој исто така цел и на Манчестер Сити, пренесува „Дејли Рекорд“

– Иако Даниел Стариџ се поврзуваше со заминување од Ливерпул изгледа дека ниту еден клуб во Премиер лигата не е спремен да плати 30 милиони фунти и да му обезбеди плата од 150.000 евра наделно, пишува „Дејли Мејл“.

– Менаџерот на Евертон, Сем Алардајс го потврди интересот на неговиот тим за услугите на фудбалерот на Арсенал, Тео Волкот.

– Ливерпул води преговори со германски Лајпциг за трансфер на Наби Кеита на „Енфилд“ до крајот на овој месец.

– Како што пренесува „Скај Италија“, Манчестер Јунајтед постигнал договор со Алексис Санчез, сега останува само да се постигне договорот помеѓу клубовите.

– Барселона денес го претстави новото засилување Јери Мина 

– Јувентус покажува сериозен интерес кон играчот за врска на Реал Мадрид, Дани Себаљос пренесуваат шпанските и италијански медиуми. (ОВДЕ)

– Според француските медиуми, ПСЖ ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Ница, Жан Мишел Сери. (ОВДЕ)

– Конте не негираше дека на крајот на сезоната би можел да замине од „Стенфорд Бриџ“. (ОВДЕ).

– Изненадување! Манчестер Јунајтед покажува интерес за голгетерот на Лестер, Џејми Варди.

– Манчестер Јунајтед и Челзи се заинтересирани за базилската ѕвезда и член на Гремио, Артур Мело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…