Дома Топ вести ЈАСНО Е: Доколку Интер остане без пласман во ЛШ, Икарди мора да замине!

ЈАСНО Е: Доколку Интер остане без пласман во ЛШ, Икарди мора да замине!

mauroicardi

Изгледа дека иднината на фантастичниот Аргентинец од редовите на Интер зависи исклучиво од пласманот на клубот оваа сезона.

Како што веќе подолго време е познато, Реал Мадрид се обидува да стигне до потписот на Икарди и за него се спрмени да 110 милиони евра колку и што изнесува неговата откупна клазула, проблем за Интер би можел да претставува и ФФП (финансискиот фер плеј).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интер до 30 јуни мора да инкасира помеѓу 60 и 70 милиони евра со кои би ги регулирал трошоците. Мал дел од сумата може да биде покриен со некој спонзорски договор кој исто така би зависел од пласманот, односно од тоа дали Интер ќе се пласира во Лигата на шампионите, додека останатиот дел би требало да се надомести со некој голем трансфер.

Според „Газета дело Спорт“, компликации би можеле да настанат околу продолжувањето на договорот на Икарди, на што инсистираат „нероаѕурите“. Актуелниот договор на Аргентинецот истекува 2021 година и во него има вметнато откупна клазула од 110 милиони евра, но таа важи само за клубовите надвор од Италија. Таа сума Реал е спремен да ја плати, па во Мадрид се надеваат на лоши резулати на клубот од „Џузепе Меаца“ до крајот на сезоната.

Од друга страна во Интер поради случувањата на пазарот сметаат дека тоа е премногу мала сума за нивниот најдобар фудбалер, па се обидуваат да издејствуваат поголема клазула со евентуалното продолжување на договорот.

Со новиот договор италијанскиот клуб е спремен на Икарди да му понуди плата од девет милиони евра по сезона и продолжување на важноста до 2023 година, додека висината на откупната клазула не се споменува.

Сепак, како што кажавме се зависи од резултатите на Интер оваа сезона. „нероаѕурите“ после 20 одиграни кола се наоѓаат на третата позиција, но формата на тимот е во пад, па наскоро би можеле да падната и некое место подоле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан се засилува со плејмејкерот на Реал Мадрид

Милан е силно заинтересиран и започнал преговори со Реал Мадрид за плејмејкерот Дани Себаљ…