Дома Фудбал Англија Конте НЕ негира заминување: Можно е!

Конте НЕ негира заминување: Можно е!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте не негираше дека можно е на крајот на сезоната да го напушти „Стенфорд Бриџ“, изјавувајќи дека во фудбалот се е можно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпекулациите за иднината на Италијанецот не стивнуваат, па денес англиските медиуми објавија дека Конте донел одлука да го напушти Челзи на крајот на сезоната.

„Во фудбалот се може да се случи и треба да бидеш подготвен. Јас имам искуство да се справувам во вакви ситуации. Верувам во работата и во тоа што го правам овие две години. Не беше лесно, бидејќи ова е мојата прва работа надвор од Италија. Имам договор на уште една година, па клубот треба да реши дали ќе ме задржи или не. Се е можно“, изјави Конте.

Англиските медиуми пренесуваат дека главен фаворит за негов наследник е актуелниот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Милан Ристовски ќе игра за нов клуб

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално се раздели со чешкиот прволигаш …