Дома Топ вести Трансфери во живо: Бернардески е „бјанконеро“, Венгер пазарува од „Камп Ноу“, Барса има пеколен план

Трансфери во живо: Бернардески е „бјанконеро“, Венгер пазарува од „Камп Ноу“, Барса има пеколен план

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите сулучувања на трансфер пазарот.

-Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за десниот бек на ПСЖ, Серж Орие. Медиумите пренесуваат дека „црвените ѓаволи“ понудиле 25 милиони евра и сега се чека одговор на клубот од Париз.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Атлетико Мадрид се вклучи во трката за хрватскиот репрезентативец Милан Бадељ. Играчот е на излезна врата од Фиорентина, а за него интерес покажуваат уште Милан, Лацио и Валенсија.

– Италијанските медиуми најавуваат дека Фиорентина како замена за Никола Калиниќ го сака нашиот Илија Несторовски. Наскоро тимот од Фиренца ќе испрати до Палермо, а другата опција за „вилетовите“ е Џовани Симеоне од Џенова.

– Англиските и француските медиуми пренесуваат дека Алексис Санчез се договорил со ПСЖ каде годишно ќе заработува 17 милиони евра. Сега останува уште двата клуба да се договорат околу отштетата (ОВДЕ).

– Шпанските медиуми тврдат дека легендата Андрес Иниеста ова лето ќе ја напушти Барселона и најверојатно ќе се пресели во Серија А. Милански Интер е заинтересиран и наскоро ќе испрати понуда до плејмејкерот (ОВДЕ).

– Англиските медиуми пренесуваат дека агентот Жорге Мендеш му го понудил Диего Коста на Милан, на позајмица до јануари, а потоа да се пресели во Атлетико Мадрид. „Росонерите“ го сакаат напаѓачот до крајот на сезоната (ОВДЕ).

– Пеп Гвардиола потврди дека Коларов е на излезна врата од клубот и дека само детали го делат од трансфер во Рома.

Мурињо сака до крајот на преодниот рок да донесе уште три засилувања и да го комплетира тимот кој ќе може да се бори за титулата во Премиер лигата (ОВДЕ).

– Милан спреми нова понуда до Баерн Минхен за Ренато Санчез. „Росонерите“ се спремни да понудат 7-8 милиони евра за позајмица плус 35 милиони евра за откуп следното лето. Така италијанскиот клуб се доближи до сумата од 47 милиони евра која ја бараат Баварците.

– Главна тема во Европа и остатокот од светот овие денови е Нејмар. Медиумите тврдат дека таткото на фудбалерот веќе постигнал договор со ПСЖ за плата од 40 милиони евра по сезона (ОВДЕ).

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона испратила понуда од 80 милиони евра за Филипе Кутињо и смета дека Бразилецот ќе биде идеална замена за Нејмар, доколку овој се пресели во ПСЖ. (ОВДЕ).

– Готово: „Марка“ тврди дека се договорени сите детали од трансферот на Данило во Манчестер Сити. „Граѓаните“ на Реал Мадрид за неговиот потпис ќе му платат 30 милиони евра.

– Ливерпул не се откажува од Наби Кеита. Откако Лајпциг ја одби понудата од 75 милиони евра, „црвените“ се спремни во наредните денови да испратат понуда од 80 милиони евра и веруваат дека оваа сума ќе биде доволна да ги убедат челниците на германскиот клуб.

– Евертон не престанува со шопингот – следна мета на „карамелите“ е играчот за врска на Тотенхем, Муса Сисоко. Французинот минатото лето пристигна во Тотенхем но се покажа како големо промашување.

– Лацио е заинтересиран за напаѓачот на Милан, Карлос Бака. Цената на Колумбиецот изнесува 20 милиони евра, но клубот од Рим сака прво да го продаде Кеита Балде, а потоа ќе испрати понуда до Милан.

– Готово: Аргентинскиот дефанзивец Лионел Вангиони го напушта Милан и се сели во мексиканскиот Монтереј.

– Директорите на Интер Аузилио и Сабатини отпатуваа во Кина на клучен состанок со сопственикот Жанг на кој се очекува да добијат конечен одговор за реализиација на претходно договорените четири засилувања, Кеита Балде, Патрик Шик и Матијас Весино. (ОВДЕ)

– Откако Немања Матиќ беше оценет како прескап, а Ливерпул одби да преговара за Емре Џан, нова опција за средниот ред на Јувентус е Грегори Крачовијак од редовите на француски ПСЖ.

– Готово: Јувентус и Фиорентина се договорија – Федерико Бернардески е се сели во Торино. Јувентус за италијанскиот репрезентативец ќе плати 40 милиони евра, а Фиорентина ќе има 10% од следната продажба. (ОВДЕ)

-Венгер повторно сака да пазарува од Барселона. Овој пат е заинтересиран за играчот за врска Рафиња и во наредните денови ќе испрати официјална понуда.

-Официјално: Курт Зума потпиша нов шестгодишен договор со Челзи и замина на едногодишна позајмица во Стоук. (ОВДЕ)

– Официјално: Швајцарскиот дефанзивец Фабиан Скар премина од Хофенхајм во Депортиво Ла Коруња.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Никола Калиниќ во понеделник официјално ќе стане член на Милан. „Росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 25 милиони евра.

Филипе Кутињо и Пауло Дибала – тоа се главните трансфер мети на Барселона доколку се реализира трансферот на Нејмар во Пари Сент Жермен.

– Познати се деталите од трансферот на Коларов во Рома. „Волчицата“ за неговиот потпис ќе плати 5 милиони евра, а играчот ќе потпише тригодишен договор вреден 2 милиони евра по сезона.

– Официјално: Спортинг Лисабон го донесе аргентинскиот играч за врска, Маркос Акиња. Португалскиот клуб за неговиот потпис на Расинг ќе му плати 9,6 милиони евра.

– Познати се добрите односи помеѓу Арсенал и Барселона кои датираат уште од поодамна. Затоа и не треба да чуди што денес се појави веста дека Барселона го понудила Рафиња Алкантара на Арсенал за 30 милиони евра. (ОВДЕ)

– Официјално: Ливерпул го доведе Енди Робертсон. (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Челзи, Немања на Матиќ на крајот сепак би можел да се пресели во редовите на Манчестер Јунајтед и тоа за сума од 50 милиони евра. (ОВДЕ)

– Официјално: Лацио го доведе играчот од средината Давиде Ди Џенаро. Ди Џенаро е четврото засилување за Лацио во овој преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…