Страшна вест ни доаѓа од Грција: Поранешниот играч на Олимпијакос и грчки репрезентативец Харис Пастрас загина во сообраќајна несреќа на 21 година!
Грчките медиуми јавуваат дека Пастрас го загубил животот во неделата наутро, кога изгубил контрола над возилото што го управувал и починал на лице место.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Пастрас е дете на Олимпијакос, играше за У 17 и У 19 во сезоните 2020/21 и 2021/22, додека играше и за У 17 репрезентацијата на Грција. Неговиот последен клуб беше Посејдон од Неа Миханони.
„Не можеме да најдеме соодветни зборови да ја изразиме нашата тага за загубата на еден млад човек. Нашиот 21-годишен Харис Пастрас трагично загина во неделата во раните утрински часови во сообраќајна несреќа, оставајќи ги во жалост неговото семејство, соиграчите и сите со кои работеше додека беше во Посејдон, сите оние кои го сакаат и ќе го паметат засекогаш. . Нека почива во мир, сакаме да изразиме најдлабоко сочувство до семејството – соопшти клубот.