Дома Трансфер зона Тотенхем ја „краде“ најголемата желба на Манчестер Јунајтед

Тотенхем ја „краде“ најголемата желба на Манчестер Јунајтед

Ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш е на мета на многу европски гиганти, а најсилен интерес за него покажуваше Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ долго време преговараа за Португалецот и се чинеше дека Фернандеш сигурно ќе се пресели на „Олд Трафорд“, но се случи неочекуван пресврт.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Тотенхем во последен момент се вклучи во трката за офанзивниот фудбалер и според „А Бола“ сега е фаворит за неговиот потпис.

Агентот на фудбалерот Мигел Пињо веќе пристигнал во Лондон на завршни преговори, а единствен проблем во моментов претставува цената – Спортинг за неговиот потпис бара 70 милиони евра.

„Спарси“ веќе имаат договор со играчот и се надеваат набрзо да постигнат договор со португалскиот клуб, бидејќи веруваат дека Фернандеш би бил идеална замена за Кристиан Ериксен.

Фернандеш минатата сезона на 50 натпревари за Спортинг постигна 31 гол и запиша 15 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…