Дома Трансфер зона Тотенхем спреми понуда за новата италијанска ѕвезда

Тотенхем спреми понуда за новата италијанска ѕвезда

Николо Заниоло оваа сезона е најголемо откритие во Серија А и го привлече вниманието на голем број европски гиганти.

19-годишниот офанзивен играч за врска ова лето пристигна во Рома и во својата прва сезона на „Олимпико“ буквално „експлодира“ па дури и доби повик за италијанската репрезентација.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Цената на Заниоло вртоглаво порасна оваа сезона, а Италија се чини конечно доби играч кој ќе може да блеска во репрезентацијата во наредните десетина години.

За него силен интерес покажа Јуветус, кој не крие дека сака да го види Заниоло во своите редови, но сега доби силна конкуренција во Тотенхем.

„Спарси“ во него гледаат идеален наследник на Кристиан Ериксен, па ќе испратат богата понуда до Рома веднаш после финалето од Лигата на шампиони.

Во моментов Заниоло преговара со Рома за нов договор, кој ќе биде финансиски далеку подобар од актуелниот, но на маса има и понуди од Јувентус и Тотенхем.

Англиските медииуми тврдат дека Тотенхем нема да жали пари за да го донесе во своите редови младиот Италијанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …