Дома Фудбал Тотенхем доведе 18-годишeн играч за 47 милиони евра

Тотенхем доведе 18-годишeн играч за 47 милиони евра

Англискиот фудбалер Арчи Греј е нов член на Тотенхем, објавено е на веб-страницата на Премиер лигата.

Осумнаесетгодишниот играч од средниот ред потпиша договор со лондонскиот тим до јуни 2030 година.


Франција без гол до полуфинале, таму ја чека разиграната Шпанија! ↓↓↓


Цената на трансферот од Лидс изнесува вртоглави 40 милиони фунти (47,15 милиони евра), колку што изнесуваше клаузулата со која Греј би можел да го напушти Лидс.

Иако има само 18 години, Греј веќе има два настапи за репрезентацијата на Англија до 21 година. Тој потекнува од фудбалско семејство, таткото Енди и дедото Френк исто така играа за Лидс.

Греј минатата сезона одигра 52 натпревари во Лидс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рекордни бројки: Европското првенство во Германија е најпосетено во историјата

Иако до крајот на Европското првенство има да се одиграат уште три натпревари, сепак уште …