Напаѓачот на Челзи, Батшуаи пристигна во Челзи минатото лето за 40 милиони евра од редовите на Марсеј, но барем до овој момент не ги оправда очекувањата.
„Сините“ одлучија да го ангажираат Батшуаи после неговите одлични настапи во дресот на Марсеј, но формата од францускиот клуб не успеа да ја пренесе во клубот од Лондон. Иако можеби се очекуваше токму во оваа сезона да добие поголема минутажа, бидејќи Диего Коста не е во плановите на Антонио Конте, изгледа дека сега тој би можел да го напушти клубот.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте не е задоволен од она што го прикажува Батшуаи, кој дури и си постигна автогол во натпреварот против Тотенхем. Во овој момент сосема јасно е дека прв избор на италијанскиот стратег е Шпанецот, Алваро Мората.
Наводно голем интерес за Батшуаи покажал Лил кој сака да се обиде да го доведе Батшуаи во самиот финиш од преодниот рок. Лил е спремен да плати 40 милиони евра, а како што пишува „Франс Фудбал“ се очекуваа таа понуда да биде сосема доволна за Белгиецот да се врати во Франција.