Репрезентацијата на Македонија денес одигра добар натпревар, но на крајот сепак загуби од фаворитот Италија со 92:84.
Македонија од почетокот до крајот на мечот беше рамноправен противник на Италијанците, блескаше Ненад Димитријевиќ кој постигна 24 поени и подели 12 асистенции. Во добар дел од натпреварот и ние бевме репрезентацијата која беше во водство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот Александар Тодоров после натпреварот искажа задоволство.
„Покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на ранкингот на ФИБА во моментов. Успеавме не само да бидеме рамноправни, туку и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Покажавме тотално поинакво лице во однос на натпреварите лани.
„Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд. Ни претстојат уште три натпревари кои ќе бидат многу тешки, но на крајот најверојатно се ќе се сведе на мечот со Естонија в понеделник“.
Димитријевиќ и Вајли функционираа како одличен тандем.
„Лесно е кога имаш такви кошаркари. Двајцата знаат да играат кошарка и нема проблем да се поврзат заедно. Добро е што имаме уште два меча пред дуелот со Естонија, така што ќе имаат доволно време да се воиграат“, изјави Тодоров.