Велшанецот следното лето би можел конечно да го напушти Реал Мадрид, а како негова замена во Реал би можело да пристигне Американецот со хрватско потекло, Кристиан Пулишиќ.
Веќе долго време се шпекулира за заминувањето на Бејл од Реал, а конечно по тој повод се изјасни и претседателот на Реал, Флорентино Перез. Перез смета дека на Бејл му е време на лето да го напушти „Кралскиот клуб“, а како негова замена би сакал да го види фудбалерот на Борусија Дортмунд, Кристиан Пулишиќ.
Real Madrid president Florentino Perez wants to sign Christian Pulisic to replace Gareth Bale at the Santiago Bernabéu. (Source: Diario Gol) pic.twitter.com/pMPCSfrLKq
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) March 6, 2018
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Она што е најголем проблем е секако вредноста на Бејл на пазарот, па доколку некој сака да го доведе во своите редови би можел да плати повеќе од 100 милиони евра. Мал број на клубови се во можност да ја исплатат таа сума, па прашањето е како Реал ќе успее да се реши од овој играч. Перез без оглед на заминувањето на Бејл, има голема желба во својот клуб да го доведе крилото на Борусија Дортмунд.
Пулишиќ игра за репрезентацијата на Америка, а во моментов ги брани боите на Борусија од Дормтунд. Кристиан има потекло од Балканот, поточно од Хрватска, неговиот татко е роден во Хрватска, но деведесеттите години се преселил во САД. Оваа сезона има нешто послаб резултат, односно, на 32 натпревари постигна само 4 гола, но со оглед на тоа што има само 19 години, најдоброто од него допрва треба да се очекува.