Кариерата на Фил Џонс доживеа уште еден удар затоа што искусниот дефанзивец нема да биде член на првиот тим на Манчестер Јунајтед.
Овој 30-годишник кој во кариерата е склон кон повреди собра само 13 настапи за Манчестер Јунајтед во претходните четири сезони. Со доаѓањето на Ериксен, Касемиро, Мартин Дубравка, Тајрел Маласија, Антони и Лисандро Мартинез тој е префрлен во У23 тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Една екипа во Премиер лигата може да има само 24 регистрирани играч и Тен Хаг покрај Џонс во резервниот тим ги испрати Брендон Вилијамс, Теден Менги, Аксел Туанзебе и Шол Шортеире.
Фил Џонс од поодамна не во плановите во Манчестер Јунајтед меѓутоа очигледно ќе остане до крајот на договорот (уште девет месеци) според кој заработува 110.000 фунти неделно.