Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг призна дека неговиот тим не е подготвен за првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата против Фулам.
Натпреварувањето во Премиер лигата започнува денеска, кога Јунајтед од 21 часот ќе го пречека Фулам на Олд Трафорд.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тен Хаг соопшти дека во тимот на претстојниот натпревар ќе бидат новите играчи Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи, но поради повреди дуелот ќе го пропуштат Зиркзе и Лени Јоро. Тренерот има проблеми и со физичката подготовка на играчите кои се приклучија на тимот во различни фази од подготовките поради обврски во репрезентациите.
„Точно е дека тоа не беа подготовки на кои можеш да работиш пет, шест недели со тимот. Тоа е комплицирано. Имавме тим за турнејата низ САД, потоа играчите кои играа на Европското првенство. Дојде купот, сега и засилувањата, и сега треба да направиме тим од него.
„Дефинитивно го имаме тој проблем, но сепак имаме некои правила, некои принципи и мора да почнеме. Не можеме да се сокриеме, не можеме да побегнеме од него, па мора да се соочиме со тоа“, додаде менаџерот на Јунајтед.