Дома Трансфер зона Талентот на Барселона се сели во Премиер лигата

Талентот на Барселона се сели во Премиер лигата

Вулверхемптон покажува сериозен интерес за талентот на Барселона, Рики Пуиг, пренесуваат медиумите на Островот.

Пуиг важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но не добива доволно минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Барселона неодамна го продолжи договорот со Рики Пуиг на уште две години, но не затоа што сака да го задржи туку само за подобро да го продаде.

Имено, договорот на Пуиг истекуваше на крајот од сезоната и во таков случај клубот од неговото заминување во јануари ќе заработеше симболична сума. Затоа Барса со активирањето на клазулата автоматски му го продолжи договорот на Пуиг на уште две години.

На Барселона и се потребни финансиски средства и е спремна да го продаде на лето за 15 милиони евра, а Вулверхемптон е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…