Дома Трансфер зона Арсенал го купува талентот на Барселона

Арсенал го купува талентот на Барселона

Арсенал покажува сериозен интерес за талентот на Барселона, Рики Пуиг, пренесуваат медиумите на Островот.

Пуиг важи за еден од најголемите таленти на „Ла Масија“, но не добива доволно минутажа оваа сезона и е спремен да ја промени средината.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона неодамна го продолжи договорот со Рики Пуиг на уште две години, но не затоа што сака да го задржи туку само за подобро да го продаде.

Имено, договорот на Пуиг истекуваше на крајот од сезоната и во таков случај клубот од неговото заминување во јануари ќе заработеше симболична сума. Затоа Барса со активирањето на клазулата автоматски му го продолжи договорот на Пуиг на уште две години.

На Барселона и се потребни финансиски средства и е спремна да го продаде на лето за 15 милиони евра, а Арсенал е спремен да ја плати таа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…