Дома Трансфер зона Сусо: Среќен сум во Милан, преговараме за нов договор!

Сусо: Среќен сум во Милан, преговараме за нов договор!

Ѕвездата на Милан, Сусо игра уште една одлична сезона на „Сан Сиро“, а сега призна дека негова желба е уште долго да го носи дресот на „росонерите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Шпанец е трансфер мета на неколку европски гиганти, а проблем за Милан е што во неговиот договор има откупна клаузула од 40 милиони евра.

Меѓутоа, Сусо призна дека сака да остане во Милан и дека веќе започнале преговори за продолжување на соработката.

„Многу сум среќен во Милан и сакам да останам што е можно подолго. Веќе се остварени првите контакти за продолжување на договорот, но тоа е работа на мојот агент. Јас сум среќен овде и секогаш го давам најдоброто за овој клуб“, истакна Сусо.

Гатузо е перфекен. Тој е вистинскиот човек за Милан и пример за сите нас. Многу ми помогна мене лично и секогаш кога ќе имаме потешкотии тој не сплотува како тим“, додаде Шпанецот.

https://youtu.be/LsZkvAHhb4w

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…