Дома Фудбал Судот го осуди Бензема, доби затворска и парична казна

Судот го осуди Бензема, доби затворска и парична казна

Судот во Версај го прогласи напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема за виновен за уценување на поранешниот фудбалер Матје Валбуена, пренесува „Екип“.

Бензема е прогласен за виновен за соучество во обид за уцена и осуден на една година условна затворска казна и парична казна од 75.000 евра. Максималната казна која можеше да ја добие фудбалерот е пет години затвор.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За виновни се прогласени и четворица други обвинети.

За потсетување, 33-годишниот Французин беше обвинет во 2015 година дека дејствувал како посредник, поттикнувајќи го Валбуена да им плати на уценувачите да не објавуваат интимно видео за него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Регионов не помни вакво нешто – Голман примил два гола и сам си заминал од терен (Видео)

Неверојатни сцени се случија вчера во дуелот од 18. коло на албанската Супер лига. Голмано…