Дома Трансфер зона Суарез може да се врати во Барселона

Суарез може да се врати во Барселона

Тренерот на Барселона, Чави Хернандез е во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона.

Новинарот Хозе Алварез во ТВ емисијата „Чирингито“ откри дека Барселона е заинтересирана да го врати Луис Суарез во своите редови.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Уругваецот има легендарен статус на „Камп Ноу“, но пред две години буквално беше избркан од Барселона кога пристигна Куман.

Суарез минатата сезона одигра клучна улога во освојувањето на титулата на Атлетико Мадрид, а Чави сака да го врати на „Камп Ноу“.

Со оглед  на потешкотиити клубот да ги доведе Левандовски или Халанд, сметаат дека Суарез би бил одлична опција за една сезона бидејќи се уште може да игра на врвно ниво и одлично го познава клубот.

Суарез бил подготвен да се врати во Барселона дури и за помала плата од онаа што ја има во Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…