Започна Формула 1! Луис Хамилтон и Валтери Ботас на денешниот слободен тренинг поставија најбрзи времиња.
Хамилтон оствари време од 1:04.814 што е за 0.22 секунди подобро од неговото минатогодишно на првиот тренинг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ботас беше побавен за три десетинки од тимскиот колега. Макс Верстапен кој во претходните две години победуваше во Австрија го поправи свото најдобро време и заврши трет. Во првите пет место обезбедија уште Карлос Сајнц од Мекларен и Серхио Перез од Рејсинг поинт.
На овој тренинг возачите на Ферари, Леклер и Фетел завршија на 10. и 12. место. Треба да се спомене дека двајцата не користеа меки гуми.