Дома Трансфер зона „Старата дама“ спреми понуда – Ѕвездата од Полска се сели во Торино?

„Старата дама“ спреми понуда – Ѕвездата од Полска се сели во Торино?

Фудбалерот кој беше прогласен за МВП на овогодинешното Европското првенство за млади кариерата би можел да ја продолжи во екипата на Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со своите настапи во дресот на младата репрезентација на Шпанија, Дани Себалос го привлече вниманието на европските клубови и во последните денови се пишуваше за негов трансфер во Реал Мадрид, Барселона и Атлетико Мадрид, но изгледа во редот за Шпанецот застана и „старата дама“.

Според „Мундо Депортиво“ во договорот на Себалос има клазула која изнесува 15 милиони евра и Јувентус е спремен да ја активира, а веќе и стапиле во контакт со управата на Бетис.

Себалос ова лето ќе наполни 21 година, игра во средниот ред и важи за еден од најталентираните шпански фудбалери.

Во интервјуто за медиумите после поразот од Германија во финалето, најдобриот играч од Европското првенство за млади изјави дека прво сака да се одмори три недели, па потоа да зборува за тоа каде би можел да ја продолжи кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…