Дома Фудбал Англија Српски тренер во Чемпионшип бегаше од навивачите после осмиот пораз во низа

Српски тренер во Чемпионшип бегаше од навивачите после осмиот пораз во низа

Српскиот тренер Вељко Пауновиќ (44) после осмиот пораз во низа со Рединг мораше да бега од бесните навивачи на овој клуб.

Осмиот пораз во исто толку последни натпревар од Ковентри (2:3) го остави Рединг во реална опасност од испаѓање во трета лига. После новиот неуспех навивачите влегоа на теренот и тргнаа кон Пауновиќ за да се пресметаат со него, а тој побрза во соблекувалната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Уште пред натпреварот навивачите скандираа од трибините да си замине, имаше и транспарент со таква порака.

Пауновиќ со У-20 репрезентацијата на Србија го освои СП во 2015 година. Потоа четири години го водеше Чикаго Фајр. Рединг го презема минатата сезона во која за малку не стигна до место за плеј-оф во Премиер лигата. Оваа сезона е катастрофален. На лошите резултати во Чемпионшип може да се додаде и испаѓањето од шестолигашот Кидермистер од ФА Купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Случајот Мбапе“ не е единствен: Докторите на Реал во проблеми и со Камавинга?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, се најде во центарот на вниманието по начин на ко…