Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Србија на победа против Бразил се радувала само како дел од Југославија – знаете ли кога?

Србија на победа против Бразил се радувала само како дел од Југославија – знаете ли кога?

Селекцијата на Србија вечерва го игра најважниот натпревар во досегашниот тек на Мундијалот и тоа не против било против кој противник, туку поритв моќниот Бразил кој е еден од фаворитите за освојување на титулата.

Бразил за натпреварот против Србија од третото коло во групната фаза на Мундијалот во Русија се спрема како и за било кој друг, очекуваат победа која им е неопходна за место во 1/8 финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од друга страна за Србија ова е натпревар на деценијата, натпревар „да се биде или не“. Колку е важен овој натпревар говори и изјавата на капитенот на репрезентацијата, Александар Коларов кој истакна дека за него овој натпревар е финале во кариерата.

Традицијата очекувано е на страната на „Кариоките“, а нивниот скор во меѓусебните натпревар е катастрофален и не ги победиле уште од 3 јуни 1934 година (како дел од Југославија)! Сепак Србите се надеваат дека традицијата нема да одигра никаква улога вечерва.

Последниот меѓусебен натпревар (прв како самостојна држава) Србија и Бразил го одиграа на 6 јуни 2014 година како дел од припремите за Мундијалот на кој тие беа домаќини, таа средба заврши со минимална победа на Бразил од 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Уште едно заминување од Ливерпул. Со Клоп си заминува уште еден клучен човек во клубот

Заедно со Јирген Клоп, Ливерпул на крајот останува без добар дел од стручниот штаб, а сега…