Дома Топ вести СПЕКТАКУЛАРЕН ТРАНСФЕР НА ПОВИДОК: Гигантот во последен момент му ја расипува работата на Перез

СПЕКТАКУЛАРЕН ТРАНСФЕР НА ПОВИДОК: Гигантот во последен момент му ја расипува работата на Перез

Шпанските медиуми открија дека најголемото засилување на Реал Мадрид за следната сезона веќе е завршено.

Минатата недела Тотенхем одби понуда од 200 милиони евра која вклучува бонуси од 25 милиони евра за Хари Кејн, но Реал се согласи веднаш да плати 180, а бонусите да бидат врзани за головите и настапите, односно во прашањето да биде клаузулата која лесно ќе се активира.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Според тврдењата на новинарот Едуардо Инд, Даниел Леви го прифатил предлогот на Перез и оставил Кејн да одлучи. Како што сега стојат работите, Англиланецот ќе биде изедначен со примањата на Роналдо, а тоа значи дека Бејл ќе си замине. Тотенхем би сакал Велшанецот да се вклучи во работата, поточно да биде дел од договорот, но за тоа нема шанси, Бејл сака во Јунајтед или евентуално Челзи.

Се поставува прашањето дали 200 милиони за Кејн е само почетокот? Изгледа дека да, Реал ќе го продаде Бензема, Бејл и веројатно Иско, за да доведе нови играчи. Се започнува од Кејн кој ќе го предводи нападот на Реал следната сезона, а овој трансфер би значело дека доаѓањето на Нејмар, додека Роналдо е во клубот, е невозможно.

Сепак, „Don Balon“ јавува дека работата на Перез би можел да ја расипе Манчестер Сити кој е подготвен да одвои 200 милиони евра за Кејн плус бонуси. Тоа би можело да биде спектакуларен трансфер, дури и оној од Нејмар во ПСЖ минатото лето. Манчестер Сити речиси сигурно е нов шампион на Англија, се пласираше во четвртфиналето во ЛШ, а Гвардиола сака што повеќе и подобро. Како што сега стојат работите, не очекува нова трансфер-сапуница…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Фантастична вест за Гвардиола и Манчестер Сити: Родри се враќа побрзо од предвиденото?!

Екипата на Манчестер Сити поминува низ најголемата криза во клубот откако Пеп Гвардиола ги…