Дома Фудбал Спектакл од 7 голови за продолжение на бајката на Џирона (ВИДЕО)

Спектакл од 7 голови за продолжение на бајката на Џирона (ВИДЕО)

Џирона го победи Атлетико Мадрид со 4:3 во најдобриот натпревар од 19. коло на шпанскиот шампионат и со тоа го задржа чекорот со Реал Мадрид во поредокот.

Во првото полувреме беа постигнати пет гола. Валери, Савио и Дејли Блинд погодија за Џирона, додека Алваро Мората постигна два гола за Атлетико.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Центарфорот на Атлетико го комплетираше хет-трикот со гол во 54. минута за 3:3, но тука не беше крајот.

Иван Мартин погоди во 91. минута за победа на Џирона од 4:3.

Така Џирона со 48 бода повторно се израмни со лидерот Реал Мадрид кој на домашен терен ја победи Мајорка со 1:0.

Standings provided by Sofascore
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гатузо скапо ќе го плати поразот во Зеница, во игра се двајца познати тренери за негова замена

Поразот на Италија во Зеница против нашата репрезентација може да има големи последици за …