Дома Останати Спектакл во декември? Џошуа се огласи по предизвикот од Фјури!

Спектакл во декември? Џошуа се огласи по предизвикот од Фјури!

Британскиот боксер Ентони Џошуа истакна дека во декември ќе биде подготвен да се бори против сонародникот Тајсон Фјури, кој претходно го предизвика за „Битка за Британија“.

Фјури е сопственик на ВБЦ-појасот во тешка категорија, а во моментов е во пензија од која планира наскоро да излезе.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Џошуа, знам дека неодамна загуби од Усик и немаш планови, па подготвен сум да се борам со тебе за ВБЦ-титулата во следните месеци. Подготвен си, излези на борба од 12 рунди и ако си заинтересиран, ќе одредиме датум и ќе се бориме“, изјави Фјури

По тоа пристигна позитивен одговор од Џошуа, кој се согласи на такво нешто.

Фјури во кариерата има 33 борби и 32 победи, како и едно реми против Деонтај Вајлдер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Како Тајсон се подготвува за борбата со Џејк Пол? Нема ceкс и мариxуана!

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по eгзибицијата со Рој Џо…