Што познатиот менаџер има да понуди на Милан?
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Директорот на Милан, Леонардо ќе има полни раце работа за да го засили својот тим за оваа, но и за следната сезона.
Бразилецот веќе започна да го гради тимот, завршена е работата со Пакета од Фламенго, а сега главна тема е – Златан Ибрахимовиќ!
Швеѓанецот е голема желба на раководството, а навивачите на Милан може да ги израдува информацијата која денес беше објавена во италијанските медиуми за состанокот помеѓу
Леонардо и менаџерот на Златан, Мино Раиола кој траел повеќе од четири часа.
Епилогот е јасен – официјалните преговори се започнати! Сега останува како тие ќе се завршат. Ибра била главна, но веројатно не е единствена тема, па не би требало да не чуди ако набрзо Милан се поврзува со уште некој клиент на Раиола.