Дома Фудбал Солскјер: Руни е иден менаџер на Манчестер Јунајтед

Солскјер: Руни е иден менаџер на Манчестер Јунајтед

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер верува дека Вејн Руни во иднина може да седне на кормилото на „Олд Трафорд“.

Вечерва „црвените ѓаволи“ му гостуваат на Дерби во ФА Купот, а Руни за прв пат ќе излезе против својот поранешен тим.

Легендарниот англиски напаѓач започна тренерска кариера и седна на клупата на клубот од Чемпионшип.

„Зависи колку ќе навлезиш во работата и колку ја сакаш. Да бидеш тренер е втората најдобра работа после да бидеш фудбалер. Сигурен сим дека има многу бивши играчи на Јунајтед кои ја сакаат мојата работа, а Руни е еден од нив“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…