Манчестер Јунајтед разочара во последните два меча во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ на свој терен беа поразени од Лестер (1:2) и Ливерпул (2:4). Без оглед на тоа екипата сепак обезбеди пласман кој ги води во новиот циклус од Лигата на шампионите, но не се сите убедени дека Јунајтед е на вистинскиот пат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејсон Мектаир смета дека Оле Гунар Солскјер не е вистинскиот менаџер за „црвените ѓаволи“ и дека клубот не се наоѓа на реална позиција на табелата.
„Ако оваа сезона се беше нормално, не верувам дека би бил толку сигурни во Топ 4. Второто место по мене е лажна позиција за Јунајтед“.
Тој додаде и дека Јунајтед мора многу да нправи за да се врати на старите патеки.
„Имаат уште многу работа, но мислам дека Солскјер не е вистинскиот човек да ги одведе толку далеку. Кога сте на клупата на Манчестер Јунајтед тогаш морате да мислите на освојување на Премиер лигата и освојување трофеи“, изјави Мектаир.