Дома Фудбал Англија Солскјер им ја честиташе титулата на Граѓаните: Манчестер Сити е многу подобар тим

Солскјер им ја честиташе титулата на Граѓаните: Манчестер Сити е многу подобар тим

Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер му ја честиташе шампионската титула во Премиер лигата на градскиот ривал Манчестер Сити.

Јунајтед синоќа загуби на домашен терен од Лестер и со тоа остана и без теоретски шанси да ги стигне „Граѓаните“.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Го бркавме Манчестер Сити до крајот на сезоната. Ова е многу добро достигнување затоа што Сити е многу добар тим. Тие се достојни шампиони.

Морам да им честитам, бидејќи одиграа фантастични натпревари оваа сезона и заслужено се прваци“, рече Солскјер по поразот од Лестер.

Манчестер сити стана шампион на Англија во сезоната 2020/21 три кола пред предвидениот рок. За граѓаните ова е петта титула во Премиер лигата и трета во последните четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дали се најавува трансфер? „Чaлханоглу сигурно ќе игра за Галатасарај!“

Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу, минатото лето посакуваше трансфер во Галатасарај. И…