Дома Фудбал Англија Солскјер веќе влезе во историјата на Премиер лигата – ова не му успеало на никој претходно!

Солскјер веќе влезе во историјата на Премиер лигата – ова не му успеало на никој претходно!

Манчестер Јунајтед на најдобар можен начин ја заврши 2018 година, „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд го победија Бурнемоут со 4:1 во последниот натпревар оваа година.

Фантастичен и на оваа средба беше Пол Погба кој постигна два гола и запиша една асистенција. Под водство на Солскјер, Манчестер Јунајтед има три победи во исто толку натпревари, со гол разлика 12:3.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Уште сега е јасно дека доведувањето на Солскјер беше вистински потег на Манчестер Јунајтед и навивачите се надеваат дека нивните милинеци ќе продолжат со одличните игри и во новата година.

Интересно е дека Солскјер веќе влезе во историјата на Премиер лигата, со оглед дека ниту на еден менаџер претходно не му успеало во првите три натпревари на кормилото на еден клуб неговиот тим да постигне повеќе од 10 гола.

Јунајтед постигна 12, а серијата ќе се обиде да ја продолжи во среда на гостувањето кај Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…