Страшната несреќа со срушениот мост во Џенова го потресе светот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во јавноста по повод трагичниот настан се огласи соиграчот на нашиот Горан Пандев од Џенова и познат италијански фудбалер, Доменико Кришито.
Кришито до неодамна настапуваше во руски Зенит, а ова лето се врати во Италија се придружи на тимот на Пандев.
Стоперот е како и цела Италија е потресен од трагедијата и објави дека десетина минути пред мостот да се сруши тој поминал преку него.
„Сакам да ја напишам оваа порака за оние кои се загрижени за мене и моето семејство. Прво сакам да кажам дека сите сме добро. Но, само 10 минути пред мостот да се урне поминав преку тој мост. Моите мисли се семејствата на жртвите. Не е можно еден мост да се урне така лесно – НЕ Е МОЖНО! Луѓето ги губат своите животи поради вакви работи, нешто мора да се направи, безбедноста мора да биде обезбедена, ова е одвратно“, гласи пораката на Кришто која ја испрати преку неговиот Инстаграм профил.
