Кошаркарите на Фенербахче ја убедливо ја победија Алба во Улкер Арена со 103:68, а мечот го одбележа Најџел Хејс-Дејвис
Тој постигна 50 поени со што стана најдобар стрелец на еден меч во историјата на Евролигата. На вечната листа го претекна Шејн Ларкин кој застана на 49 поени.
Хејс-Дејвис беше на теренот помалку од 30 минути, имаше 9/11 шут за два, 9/16 за три поени и 5/7 од линијата за слободни фрлања, со што дефинитивно ги засени сите останати актери на теренот.
Во завршницата и фановите од трибините притискаа топката да оди кај Хејс-Дејвис и тој да стигне до рекордот, нешто што успеа да го потврди на 18 секунди до крајот, поставувајќи ги конечните 103:68.
THE POINTS THAT MADE HISTORY! 😍
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 29, 2024
The EUROSTEP for the EuroLeague scoring record 💯
50 POINTS 👀👀👀@NIGEL_HAYES l @FBBasketbol pic.twitter.com/WBMFdtwZJj