Дома Фудбал Со кого Милевски ќе ја нападне Германија – Миовски или Јаховиќ?

Со кого Милевски ќе ја нападне Германија – Миовски или Јаховиќ?

Македонија вечерва ќе игра против Германија на домашен терен во квалификациите за Светското првенство, а најголемата дилема пред овој меч за составот Милевски веројатно ја има за нападот – Миовски или Јаховиќ?

Барди нема да игра на овој меч и тоа ќе биде голем проблем во организацијата на играта. Но тука се Адеми, Елмас и веројатно Николов кој ќе го понесат товарот во тој дел од теренот.

По суспензијата во првиот тим се враќа Муслиу кој заедно со Велковски, Алиоски и Ристовски ќе бидат последниот бедем пред голот на Столе Димитриевски. Прашања има во офанзивата, каде Трајковски и Чурлинов би требало да играат на крилните позиции. Но кој ќе биде најистурен во нападот. Јаховиќ е логично решение поради неговото искуство, но можно е да стартува Миовски кој дебитираше против Лихтенштајн, а побрз и поагилен од Јаховиќ. Токму брзина и агилност ќе ни биде потребна на овој меч.

Останува да видиме кој ќе биде изборот на Милевски, а ние се надеваме на позитивен резултат,

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Гоце Јовановиќ, долгогодишниот оперативец зад успесите на Балкан

Гоце Јовановиќ почина денеска во Скопје. Долгогодишниот генерален секретар на Балкан беше …