Дома Фудбал Италија Скандал ја тресе Италија: Обвинети Галијани, Де Лаурентис, синот на Моџи…

Скандал ја тресе Италија: Обвинети Галијани, Де Лаурентис, синот на Моџи…

Oбвинителството во Неапол наводно побарало затворска казна за Адријано Галијани, претседателите Де Лаурентис (Наполи) и Антонио Перкаси (Аталанта) како и синот на Лучијано Моџи, Алесандро Моџи.

Весникот „Ил Матино“ пренесува дека сите именувани учествувале во перење на пари и лажна сметководствена шема при трансфери на фудбалери. Станува збор за трансфери од 2013 и 2014 година. Се наведува дека истрага е во тек повеќе од четири години, меѓутоа обвинителтвото дури сега ги распределило обвиненијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Галијани како што е познато долги години беше прв оперативец на Милан, а денес е извршен директор на Монца. За него се побарало затворска казна од 13 месеци, додека за Де Лаурентис и Перкаси по една година. Најлошо би можел да помине Алесандро Моџи на кого во улога на фудбалски агент му се заканува затворска казна од две години и осум месеци.

Пресудите се очекува да бидат објавени на 2. Февруари 2023 година, истакна „Ла Република“. Треба да се спомене и дека во истрагата се отфрлени обвиенијата за Клаудио Лотито, Андреа Дела Вале, Лука Кампедели и Езекиел Лавеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Баварците спремаат пеколен пречек за „кралот“

Денес продолжуваат полуфиналните натпревари од Лигата на шампиони, а секако очите на фудба…