Дома Останати СКАНДАЛ ВО СПЛИТ: Нападнати ватерполисти на Звезда – еден скокнал во море да се спаси!

СКАНДАЛ ВО СПЛИТ: Нападнати ватерполисти на Звезда – еден скокнал во море да се спаси!

Хрватските медиуми попладнево пишуваат за голем инцидент во Сплит пред вечерашниот натпревар помеѓу Морнар и Црвена Звезда во Регионалната лига.

Според информациите на хрватски „24часа“, четворциа ватерполисти на Звезда биле нападнати од сплитски хулигани на кои им пречеле обележјата на Звезда.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Споменатиот извор наведува дека тројца ватерполисти успеале да побегнат, додека четвртиот добил неколку удари и спасот го побарал со скок во море.

„Добивме повик, по излегувањето на местото на настанот не ги затекнавме напаѓачите, а момчето кое скокнало во море го пренесовме до хотелот, во тек е разговор после кој ќе ги утврдиме деталите“, порачаа од сплитската полиција.

Полицијата е во потрага по петмина напаѓачи.

После инцидентот Звезда одлучи да не го игра вечерашниот натпревар и истиот ќе биде одложен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …