Дома Фудбал Скандал во Примера: Тројца фудбалери обвинети за местење!

Скандал во Примера: Тројца фудбалери обвинети за местење!

Голем скандал ја тресе шпанската Примера, откако тројца фудбалери на Бетис, Амаја Каразо, Џорди Фигерас и Чави Торес се обвинети дека примиле поткуп од 650.000 евра за да местат натпревари и дека намерно загубиле од Осасуна во последното коло во Примера, во сезоната 2013/2014.

Шпанскиот суд објави дека покрај споменатите фудбалери под истрага биле уште 29 лица, во најголем дел членови на раководството на Осасуна.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Двегодишната истрага, како што соопшти судот, покажала дека раководството на Осасуна на тогашните фудбалери на Бетис им дала 400.000 за да го победат Ваљадолид, а потоа им платила 250.000 евра за да загубат од Осасуна.

Бетис го победи Ваљадолид 4:3, а потоа загуби од Осасуна со 2:1, но на крајот овие тимови не успеаја да го сочуваат прволигашкиот статус, бидејќи Алмерија со нерешените 0:0 против Атлетик Билбао се избори за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Манчестер јунајтед се на чекор од одлуката за нов тренер!

Иако Керик се покажа многу успешен како привремен тренер, раководството на Манчестер јунај…