Манчестер Сити е спремен да го продаде Најтан Аке, само ако најде соодветна замена во летниот преоден рок, тврдат медиумите на Островот.
Челзи покажува сериозен интерес за 27-годишниот дефанзивец, но трансферот нема да се реализира пред „граѓаните“ да му најдат соодветна замена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Притоа, Челзи во моментов нуди 30 милиони фунти за Холанѓанецот, а Сити за неговата слобода бара 50 милиони.
Аке има договор со Сити до 2025 година, но не добива голема минутажа и самиот инсистира да се пресели во Челзи.