Манчестер Сити и Баерн Минхен не ги доближија своите позиции после послдните разговори за трансферот на Лерој Сане.
„Скај Германија“ пренесува дека „граѓаните“ се категорични за цената која ја поставиле за Германецот и не сакаат да попуштат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити за слободата на Сане бара 70 милиони евра, иако неговиот договор истекува за една година. Од друга страна Баерн Минхен е спремен да плати 40 милиони евра.
Пред неколку дена тренерот на Баварците призна дека приоритет во летниот трансфер период ќе му биде доведување на крилен фудбалер. Првата мета е Лерој Сане и клубот веќе има постигнато договор со неговиот агент.
Сепак, Сити не попушта и Баерн ќе мора да ја подобри понудата ако сака да го донесе Германецот на „Алијанц Арена“.