Џибрил Сисе има 37 години, но и понатаму и не е официјално пензиониран и чека нова прилика да ја продолжи кариерата.
Сега Сисе во интервју за францускиот „Л’Eкип“ откри интересни детали од минатото. Поранешниот напаѓач на Оксер, Ливерпул и Марсеј во еден период беше и францускиот репрезентативец. Сисе откри дека во 2004 година кога направи трансфер во Ливерпул одбил понуда за која жали и денес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можев да направам трансфер во Барселона и Реал Мадрид. Се запознав со Рајкард кој тогаш беше најдобар тренер, меѓутоа тогаш тие го купија Самуел Ето. На еден репрезентативен собир Зидан дојде и отворено ми кажа дека Реал сака да ме доведе. Меѓутоа јас веќе му дадов збор на Ливерпул и за мене тој збор е поважен од било каков документ. Но, тоа што го одбив Зизу и го направив тажен ми го скрши срцето. Зидан беше најдобриот играч кој сум го видел. Со еден или два потези правеше чуда“, откри Сисе.