Дома Видео Синоќа светот го виде најсовршениот волеј во историјата, луѓето на трибините се држеа за глава

Синоќа светот го виде најсовршениот волеј во историјата, луѓето на трибините се држеа за глава

Њуелс Олд Бојс и Гимнасија одиграа одличен натпревар синоќа во 22. коло од аргентинската Професионална лига каде видовме дури четири гола, но целиот свет утринава зборува за еден спектакуларен гол.

Гимнасија фантастично го отвори натпреварот во Росарио и по 25 минути игра гостите водеа со 2:0. Најпрвин Домингез во 11. минута погоди за 1:0, додека 14 минути подоцна Тарагона го удвои водството на Гимнасија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Њуелс успеа да се врати во игра пред крајот на првото полувреме кога Ортиз постигна феноменален гол во 36. минута, а на семафорот стоеше 1:2.

Но, главната тема на овој натпревар е неверојатниот Лисандро Монтенегро кој го постигна голот на својот живот во второто полувреме.

Монтенегро влезе на теренот во 21. минута кога Гомез се повреди, а Габриел Хајнце реши да го стави овој 20-годишник на теренот и тоа се покажа како најдобар можен потег.

Во продолжение Њуелс со сите сили се обидуваше да израмни и да направи пресврт, а Гимнасија едноставно не успеа да се одбрани.

Домашните израмнија во 57. минута кога го видовме еден од најубавите голови досега. Тица одлично асистираше за Монтенегро, кој постигна спектакуларен гол за конечни 2:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…