Атлетико Мадрид игра лошо оваа сезона, резултатите се под очекувањата во Премиера и ЛШ, а Симеоне како главен виновник го посочи Антоан Гризман.
Кога ќе се погледне статистиката јасно е зошто вината е вперена во него, Гризман има постигнато само 3 гола и нападот не функционора.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Диего Симеоне има спремен одговор за лошата игра и слабата ефикасност, па го посоли Антоан Гризман како главен виновник.
„Ова е логично, не навикна секогаш се да решава сам. Тој практично беше одговор за сите проблеми кои ги имаме кога не играме добро во офанзива. Ни создаде лоша навика да очекуваме сам да победи. Кога не му оди, тогаш ние го имаме овој проблем и на тоа мораме да работиме. Останатите напаѓачи и играчите за врска мораат да ги надокнадат тие голови“, изјави Симеоне.
Во Шпанија тврдат дека оваа изјава само потврдува дека Гризман на крајот на сезоната ќе биде продаден. Французинот ова лето остана во Атлетико само поради лојалност кој клубот, но со доаѓањето на Диего Коста „јорганџиите“ ќе му ја отворат излезната врата.
Гризман во неговиот договор има откупна клаузула од 100 милиони евра, што нема да биде проблем за богатите клубови како Манчестер Јунајтед и ПСЖ.